На стрелиштето Партизан во Скопје во организација на Сојузот за училишни  спортови на Македонија се одржа Државно првенство во стрелаштво, на кое учество зедоа голем број на стрелци од повеќето училишта во Македонија.

Мартин Гоџоски од СОУ ,,Св.Климент Охридски,, инаку стрелец од СК,,Охрид,, се пласира на второто место во категорија на пионери – од средни училишта со резултат од 174 кругови, со што станува потенцијален стипендист на Агенцијата за млади и спорт, бидејки сите што се пласираат од 1 до 3 место на овај натпревар веднаш се наоѓаат на листата на стипендисти.

Стипендијата овај пат за 3 кругови му избега на Иво Достиноски, кој се пласира на 4 место со 169 кругови, а Ирена Попоска која ја има обезбедено стипендијата,  се пласира на 4-тото место со резултат од 168 кругови.

Ohridnews