Локалната самоуправа наскоро ќе го објави овогодинешниот оглас за стипендирање на талентирани ученици и студенти.

Како што најави градоначалникот Никола Бакрачески годинава листата на кандидати кои што ќе се стекнат со право за добивање на стипендија ќе се прошири.

– Годинава предвидени се 15 стипендии за основци, 20 за средношколци и 30 за студенти кои се запишани на факултетите во Република Македонија. Со ова сакаме уште еднаш како и минатата година да дадеме поттик и поддршка на сите оние ученици и студенти кои што се навистина талентирани, вредни и квалитетни да продолжат да вложуваат во своето образование во стекнувањето на нови знаења и во напредокот, се со цел да ги поттикнеме истите тие луѓе и во иднина да бидат носители односно столбови кои ќе ги носат важните одлуки кои ќе бидат од суштинско значење за општина Охрид , рече Бакрачески.

Проектот за стипендирање на талентирани ученици и студенти е по иницијатива на градоначалникот и за прв пат се реализира минатата година, при што стипендии им беа доделени на 20 ученици во основните и средни општински училишта и за 20 студенти од Охрид со висок просек на факултет.

OhridNews