Годинава на Охридското Езеро само два пара лебеди имаат подмладок
12.01.11 13:25
Годинава во Охридското Езеро во каналот Студенчишта има еден гнездов пар црвеноклуни лебеди со 5 млади и еден гнездов пар во Подмоље со три млади, што е за 3- 4 пати помалку од перидот до 1998.г. кога биле евидентирани 7-8 гнездови парови на македонскиот дел од Езерото. Ова според експертите од Македонското лимнолошко друштво, меѓу другото се должи на специфичните хидролошки состојби во 2010 година, кога нивото на Охридското Езеро драстично се зголеми и влијаеше на успешното гнездење на црвеноклуниот лебед.
Во рамки на годишната програма, Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при општина Охрид и Македонското лимнолошко друштво во изминатите неколку месеци го реализираа проектот „Регистрирање на гнездата на лебедите и нивна заштита во Охридското Езеро со цел одржување на биодиверзитетот“. Во рамки на проектот во декември беше извршено маркирање на црвеноклунестите лебеди со прстенување. Притоа родителските единки од гнездовиот пар од локалитетот Студенчишта се маркирани со портокалови прстени, а подмладокот од 2010 година од овој гнездов пар со црвени прстени, додека родителскиот пар од локалитетот Подмоље се маркирани со светло сини прстени, а подмладокот од 2010 година од овој гнездов пар со зелени прстени. Прстенувањето се прави со цел да се следи нивното движење во наредните години, со што доколку дојде до миграција науката ќе има конкретни податоци од каде потекнуваат новодојдените птици во одредени региони.
Во склоп на проектот во текот на месецов ќе бидат изработени промотивни флаери, ќе бидат поставени информативни табли и ќе бидат организирани јавни трибини за подигање на јавната свест за заштита на лебедите, чиј број од година во година опаѓа. Тоа спорд научниците се должи на уништивањето на природните живеалишта на лебедот, кој се потешко го наоѓа потребниот мир на Охридското Езеро.
Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена...
Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на ј...
Во издавачката програма на „Струшките вечери на поезијата“ од печат излезе панорамата на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“ која ја приреди Славе Ѓорѓо Димоски и на фестивалот имаш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.