Од охридската Противпожарна служба информираат дека бројот на интервенции поради избивање на пожар, од јануари до сега, споредно со истиот период минатата година, бележи намалување. Во 2012 година евдентирани биле над 300 пожари во општината, додека во 2013- 200. Како што потенцираат од Противпожарната служба, тоа секако се должи на бројните совети и предупредувања упатени до граѓаните за поголема внимателност при користењето на грејните тела во зимскиот период .
– Се надевам дека граѓаните ги следат советите за редовно одржување на грејните тела, чистење на оџаците, бидејќи во зимскиот период најголемиот број пожари се случуваат токму поради палење на неисчистените канали, при што доаѓа до голем притисок при согорувањето меѓу внатрешниот и надворешниот притисок. Ако оџакот не е исчистен од талогот доаѓа до палење, вели командирот на Противпожарната служба, Спасе Прентоски.
Прентоски со совет до граѓаните кои се греат на дрва да не практикуваат ствање на поголеми количини дрва во камините, печките на дрва, шпоретите кога не се дома, затоа што огнот доколку не е под човечка контрола претставува потенцијална опасност да дојде до опожарување на објектот.
Т.К.