На вкупно 1189 охриѓани почетокот на 2010 –тата година им се посреќил на работно поле односно  успеале да најдат работа. Според статистичките показатели за јануари и феврауари, 487 од нововработените, се вработиле на неопределено, а 702 лица на определено работно време. Интересен е фактот што само 259 од вкупната бројка на вработени биле на евиденцијата во Агенцијата за вработување во Охрид, а останатите 930 не биле евидентирани како невработени.

Според  евидентираните пријави за заснован работен однос, бројот на нововреботени во истиот период лани бил помал за 63 лица односно изнесувал 1136, а во споредба со истиот период во 2008 година, оваа бројка е помала за вкупно 304 лица. За целата 2009-та година пак била евидентирана бројка од 7820 охриѓани  кои биле вработени,  што е за 2304 лица повеќе од бројот на нововреботени во текот на 2008-та година.

OhridNews