Владата во 2016 година планира да воведе уште најмалку четири евтини авиолинии од Скопје кон европските дестинации, најави вчера премиерот Никола Груевски.
-Минатата година се отворија нови шест евтини авиолинии, а оваа година од март ќе се отворат нови три линии, а во мај уште една преку Џет ерлајнс, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој прецизира дека во март ќе се отворат евтини авио линии кон Копенхаген, Братислава и Берлин, а во мај кон Прага.
-Заедно со сегашаните 30 евтини авиолинии веќе од мај ќе има 34 директни линии од Македонија кон кон дестинации во или надвор од Европа, рече Груевски, потенцирајќи дека се работи на изнаоѓање нови дестинациии, се преземаат одредени активности и додаде дека постои голема веројатност кон крајот на годинава да има и нови дестинации кон кои ќе се лета од скопскиот аеродром.
OhridNews