Според статистичките показатели, во првото полугодие од оваа година, на подрачјето на Р.Македонија се регистрирани 169 кривични дела извршени при семејно насилство, што претставува намалување за 12,4% во однос на истиот период минатата година кога беа регистрирани 193 вакви кривични дела.
Во првото полугодие од 2009 година на подрачјето на СВР Охрид се регистрирани 15 кривични дела поврзани со семејното насилство, додека во истиот период лани биле евидентирани 23 такви дела. Полицијата во овој период постапувала и по 2.002 поплаки во врска со семејното насилство, од кои 28 во Охрид.
Од извршените кривични дела 93,5% ги сториле мажи, додека најчести жртви на семејно насилство се жени.











