Во текот на 2013 година на подрчјето на Општина Охрид биле венчани вкупно 475 брачни двојки. Според податоците на Подрачното одделение на Управата за водење на матични книги од Охрид, во матичната книга на венчани годинава биле запишани 56 бракови повеќе од 2012 година, кога биле рагистрирани 419 венчавки.
Надвор од службените простории, охридските матичари извршиле вкупно 47 венчавања. Младенците најчесто имале желба матичниот брак да го склучат во рестораните каде што се одвивала свадбената веселбата, но имало и бракови кои биле склучени на брод, во цркви или во манастири.
-Иако Охрид изобилува со многу интересни и атрактивни локации за одржување на венчавки надвор од просториите на матичното одделение, тука не регистрираме голема бројка на бракови кои се склучени надвор, велат од Управата за водење на матични книги.
Од таму додаваат дека најмногу бракови кои се склучени надвор од матичните простории имаат рагистрирано во Скопје и во Куманово.
OhridNews