Со полагање на предметот мајчин јазик, денеска ќе стартуваат испитите од годинешната државна матура. Потоа следува полагањето на математика, странски јазик и изборен предмет.
Оваа учебна година за државната матура се имаат пријавено 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.
Денеска во сите средни училишта ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. На 9 јуни ќе се полага математика, а на 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик, а на 15 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
OhridNews