Во излетничкото место кај село Скребатно, на 23 јуни, сабота, ќе се одржи четвртата по ред “Ѓомлезијада 2012”.


– Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој, со оваа манифестација има за цел да придонесе за  активирање на целокупниот потенцијал на руралните области од Општина Охрид, афирмација на руралниот туризам и активности кои се во согласност со стратешките цели како што се брендирање на Охрид како туристичка дестинација, дефинирање на туристички производи, понуда и нивната промоција, велат од Секторот ТЛЕР.

Првата Ѓомлезијада се одржа во 2009 година во селото Велестово, а минатата година ѓомлезе се подготвуваше во селото Лакочерај.

OhridNews