По повод Светскиот ден на преведувачот 30 Септември, денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија се одржува  традиционалниот свечен собир на македонските книжевни преведувачи .

На Собирот, на книжевниот преведувач од турската националност во Македонија, охриѓанецот Есад Бајрам, ќе му биде врачена Повелбата “30 Септември“ што се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна успешна преведувачка активност.

Лауреати на наградата “Златно перо“ за 2012 година се:  Волф Ошлис (Германија), за преводот од македонски на германски на делото “За македонцките работи“ од Крсте Мисирков; Мариана Палашевска, за преводот од германски на македонски на романот “Триумфална капија“ од Ерих Марија Ремарк; Лидија Танушевска, за преводот од полски на македонски јазик на книга со раскази од полскиот писател Бруно Шулц , а добитник на “Златно перо“ е и Владимир Цветкоски за  трудот од областа на теоријата на книжевнииот превод “Џон Драјден – од аспект на тероријата на преведувањето“.

OhridNews