Рајан Гигс, кој деновиве ќе наполни 40 години на натпреварот со Баер Леверкузен во Лигата на Шампиони истрча скоро 11 километри, што беше најмногу во тимот на Манчестер Јунајтед.


Со тој факт Велшанецот покажа и докажа годините не се пречка за да игра на ниво како што го правеше кога беше во фудбалската зрелост.

Неговиот соиграч Вејн Руни, кој беше прогласен за најдобар поединец на дуелот со Леверкузен за Гигс рече – Кога ќе имам толку години како тој сега, сигурно нема да играм фудбал. Тој е едноставно уникатен.

Со шок и неверување ваквиот факт го прифатија фудбалерите на Леверкузен кои на своја кожа ја осетија силата на Јунајтед претрпувајќи убедлив пораз 5-0.

Мх.П.