Соочувајќи се со предизвикот што го носи пандемијата на COVID 19, како резултат на добрата поставеност, преземените мерки и активности, Регионалниот центар за гранични работи Запад бележи значајни резултати во годината која изминува.

При контрола на патниците, согласно препораките на Владата, беа издадени вкупно 1.572 изјави и наредби на лица за самоизолација, а откриени се 24 сторители кои приложиле 20 фалсификувани PCR тестови и 4 фалсификувани сертификати за извршена вакцинација, информираат од Регионалниот центар за гранични работи Запад

Додаваат дека при извршување на задачите, посебно внимание посветено било на откривање и спречување на прекуграничниот криминал и илегалната миграција.

Откриени и запленети се 273 килограми марихуана, како и поголема количина акцизна стока и друга разновидна стока која била предмет на нелегална трговија. Во делот на миграцијата, при илегално преминување откриени и спречени се 128 лица, најголемиот број албански државјани, додека 26 лица се мигранти од Индија, Сирија, Пакистан, Мароко, додаваат.

За сите констатираните нелегални активности РЦ за ГР Запад превзема соодветни законски мерки.

OhridNews