Утре, 30-ти мај, со почеток во 20 часот, во катедралната црква Св.Софија ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на учениците од основното музичко училиште „Методи Патче“.

Ќе настапат ученици кои освоиле високи награди на одржаните државни и меѓународни натпревари, како и училишниот хор и оркестар. Диригент е професор Љупчо Аслимоски, пијано придружба м-р Ирена Веруш и м-р Даниел Чуркоски.