Љубителите на народните игри и песни вечерва ќе може да ја проследат богатата фолклорна програма во рамки на Годишниот концерт на Ансамблот за народни песни и игри ,,Бисери’’ од Охрид. Концертот ќе се одржи во големата сала на охридскиот центар за култура со почеток во 18 часот.  Влезот за оваа концертна вечер ќе биде слободен.


Ансамблот ,,Бисери’’ е формиран во 1975 година и работи во рамки на Центарот за култура ,,Григор Прличев” во Охрид. Ансамблот е под водство на уметничкиот раководител Миленко Андрески.

OhridNews