Ансамблот за народни песни и игри „Бисери“ од Охрид, утре-вечер, ќе го одржи традиционалниот годишен концерт. Според најавеното концертот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, а влезот ќе биде  слободен.

Ансамблот „Бисери“, кој функционира во рамки на  Центарот за култура недамна беше на  гостување во Голубовци, Црна Гора. Гостувањето се реализираше на покана  на Ансамблот „Зета“, кој ја претставуваше Црна Гора на овогодинешниот јубилеен  Балкански фестивал на народни песни и игри, во Охрид. Освен концертот, за време на посетата, се одржала и презентација на македонската кујна и дегустација на македонските вина.

OhridNews