Ансамблот за народни песни и игри „Бисери“ од Охрид, на 23 декември, ќе го одржи традиционалниот годишен концерт. Според најавеното концертот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, а влезот за ќе биде е слободен.
Ансамблот „Бисери“, кој функционира во рамки на Центарот за култура во моментов е на гостување во Голубовци, Црна Гора. Гостувањето се реализира на покана на Ансамблот „Зета“, кој ја претставуваше Црна Гора на овогодинешниот јубилеен Балкански фестивал на народни песни и игри, во Охрид. Според планираното, за време на посетата, освен концерт, ќе се одржи и презентација на македонската кујна и дегустација на македонски вина.











