Од Центарот за култура „ Григор Прличев“ за претстојниот викенд најавуваат два годишни концерти на градскиот хор и АМПИ „Бисери“.

Концертот на хорот, под раководство на Александар Димоски  ќе се одржи на 20- ти декември, со почеток во 20 часот, а настапот на ансамблот „Бисери“ охриѓани ќе имаат можност да го проследат во недела, 22- ри декември, со почеток во 12 часот.

Влезот и за двата концерти ќе биде слободен.

OhridNews