Утре, со почеток во 20.30 часот, во катедралната црква Света Софија, градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид ќе го одржи својот годишен концерт. Хористите и хорскиот раководител Бурим Хидри и овој пат подготвија разновиден хорски репертоар од 12 композиции, со кои се надеваат дека ќе ги исполнат очекувањата и вкусовите на публиката.

Во градскиот хор, покрај помладите членови, има и охриѓани кои се дел од него повеќе од една деценија.

Влезот за концертот е бесплатен.

OhridNews