Вечерва, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годишниот концерт на музичкото студио „Соната“.

Според најавите ќе бидат изведени повеќе музички точки, а публиката ќе има можност да ја проследи богатата и разновидна програма и да ужива во најразличните стилови на танцување.

Концертот ќе се одржи во Големата сала при Центарот за култура.

OhridNews