Годишната награда за најдобар промотор на Македонија е едноставна замисла да им се оддаде признание на луѓето кои Македонија ја носат во своите срца и им пренесуваат на другите да се вљубат во Македонија. Наградата е воведена со цел да се препознаат постигнувањата на извонредните луѓе од различни професии, од целиот свет, кои имаат една заедничка цел: промоција на Македонија.

Номинирани може да бидат поединци (или група на луѓе) кои во 2010 година активно ја промовирале Република Македонија и државните интереси, без разлика на националноста, доменот на активност, полето и формата на промотивните активности. На пример: туризам, културни активности, социјални, економски, политички и др. Победникот ќе добие почесна награда: специјален медал и титула “Најдобар промотор на Македонија”.

Секој може да поддржува и лобира за својот омилен кандидат во посебната анкета постирана на Facebook на следниот линк: ww.facebook.com/Macedonia.BestPromoterAward, каде се поставени и Правилата и условите на избор. Наградата за најдобар промотор е иницирана и организирана од проектот “Маcedonia Loves You”- www.macedonialovesyou.com. Изборот е отворен, јавен и ќе се организира еднаш годишно. Периодот за номинирање започнува на 15 ноември 2010 и ќе трае до 15 јануари 2011 година. Откако ќе биде доделен првиот медал ќе биде изработена специјална интернет страница, на која ќе бидат претставени победникот и сите учесници. Со ова ќе се создаде и форум за

Промоторите на Македонија од целиот свет. Медалот ќе му припадне на еден, но победници се сите! – велат организаторите на кампањата.

OhridNews