На денешен ден пред точно една година се случи авионската несреќа во Јужна Америка која животот го загубија 71 од 76 патници помеѓу кои беа фудбалерите, стручниот штаб и спортски работници на Фудбалскиот клуб Чапекоенсе од Бразил.

Авионот во кој се наоѓаше и бразилскиот клуб се сруши на местото Меделин во Колумбија поради недостиг на гориво. Брзата реакција прво на мештаните и на колумбиската брза помош и полиција спасија пет животи кои се уште го немаа пребродено шокот.

– Се` уште конзумирам апчиња за смирување, бидејќи не знам во кој дел од денот ќе ми помине тој крик и таа црна слика од авионот. Некогаш и на вечер се будам, откако сонувам дека се уште патувам со авионот и дека се случуваат истите работи. – рече стујардесата која после шест месеци и се врати на работата.

Чапекоенсе во Колумбија требаше да го одигра првиот меч од финалето во Купот на Судамерика против Атлетико Национал, но место на теренот играчите на бразилскиот клуб заминаа на небото.

Авионска трагедија: Се урна авион во кој беше и финалистот на Судамерика

OhridNews