Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941- 1945 и граѓаните продолжувачи, во соработка со општините Охрид и Дебрца , утре, организираат свечено одбележување на денот на формирањето на Првата македонско-косовска ударна пролетерска бригада.

Свеченостите ќе започнат во 10 часот со посета на спомен собата од НОБ и ликовната колонија во Белчишта.  Централната свеченост ќе започне во 11 часот и 15 минути во селото Сливово , на која ќе се обрати претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ, Гоце Георгиески.

Во рамките на прославата  ќе се одржи пригодна културно- уметничка програма , а ќе бидат доделени и благодарници. Во селото Сливово свечено ќе биде отворена и спомен собата од НОБ.

OhridNews