Коста Шахов од Охрид е една подзаборавена, но многу значајна личност од македонската национална историја. Тој е неодминлив деец во македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството во втората половина на деветнаесеттиот век и првите две децении на дваесеттиот век, велат во соопштението од општина Охрид.

Коста Шахов е првитот претседател на Младата македонска книжовна дружина, член на т.н „Македонски комитет“ од 1895 година, на чело со Трајко Китанчев, претходно член е на „Братскиоот сојуз“ и член на Македонското студентско друштво во Софија од 1890 година. По политичка ориентација тој е буржоаски либерал, член на Либералната партија – радослависти во Софија. Тој се појавува како сопственик или како главен и одговорен уредник на 11 весници, се додава во соопштението.

Студијата „Коста Шахов Публицистика“ од Томе Груевски  се занимава пред се, со неговата новинарска и публицистичка дејност и неговиот придонес во македонското револуционерно дело што го започнале плеада македонски национални дејци како што се: Даме Груев, Гоце Делчев, Димитар Мирчев, Крсте Мисирков, Петар поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Ѓорче Петров и други.

Станува збор за најактивниот македонски публицист од втората половина на XIX век и првите две децении на XX век. Шахов со неговото журналистичко дело е рамо до рамо со Ј.Х. Константинов Џинот, со Рајко Жинзифоф, Димитар Василев Македонски, Стефан Јакимов Дедов, Арсениј Јовков и другите македонски дејци, публицисти и литературните раскажувачи од своето време. Шахов е книжевен деец и тоа е посебно поглавје во историјата на македонската литература од крајот на XIX век и првите две децении на XX век.

Шахов беше соборец со највидните револуционери и дејци на Внатрешната македонска револуционерна организација: со Гоце Делчев, Даме Груев Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров, Иван Хаџи Николов и др., а неговиот весник „Глас на македонски“ (1893)на почетокот беше и орган на Организацијата. Од анализите на текстовите во статиите објавувани во неговите весници, тој секогаш дозволува да провејуваат „македонистичките идеи, иако често од нив се оградува“.

Шахов низ целиот творечки работен век е целосно посветен на македонската емиграција и решавањето на македонското прашање. Заедно со Шахов сите македонски револуционери  и национално – културно дејци го сонуваа сонот за „Самостојна Македонија“, „Независна Македонија“, „Автономна Македонија“.

OhridNews