Предлог одлуките за усвојување на  Извештаите за финансиското работење и  годишната сметка   за 2011  година  на основните и средните училишта, извештајот за остварените приходи и трошоци на  буџетот и завршната сметка на општинскиот буџет, како и годишните сметки и извештаите од работењето на јавните претпријатија, се  меѓу 25- те предвидени точки на дневен ред на 45- та седница на советот на општина Охрид, закажана на 15- ти март.

На седницата ќе стане збор и за предлог одлуката за давање  согласност на Одлуката  за отстапување на правото на  одржување  на дел од водоснабдителниот ситем на подрачјето на општина Охрид од ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид на МЈП „Проаква“ Струга, како и предлог одлуката за давање согласност на одлуката за обезбедување на банкарска  гаранција.

OhridNews