Утре, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се оддржи Годишно собрание на Унијата на жени при општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ.
 
Своето присуство на настанот го потврдија претседателката на Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ, д-р Даниела Караѓозоска, голем број државни функционери, пратеници и советници од ВМРО- ДПМНЕ, преставници од општинските комитети и други личности кои на еден или друг начин помогнале при афирмирањето и напредувањето на УЖ при ОК на ВМРО ДПМНЕ во Охрид и Дебрца.

Како што информира претседателката на УЖ при општинската ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска, на годишното собрание ќе се направи осврт врз целокупното дејствување на жената во политичката опција ВМРО- ДПМНЕ и резултатите кои се постигнати.

– Годишното собрание на УЖ преставува редовен настан низ кој се согледува сублиматот од целокупните активности што се спроведувале низ изминатата година, но и место каде што се прикажуваат активностите кои треба да се реализираат во иднина. Годишното собрание на унија на жени од Охрид преставува и најсоодветен начин за да се истакне значењето на жената во општеството, политиката и се разбира во домот и семејството, истакна Јанковска.

Таа потенцира дека унијата не се согласува и никогаш нема да се согласи со политиката на уништување на градот за интересите на актуелниот Градоначалник и неговиот тим.

– Ќе застанеме во одбрана на исконските позиции на Охрид , во одбрана на вредностите на Охрид кои сме ги чувале а кои се нарушени од оваа гарнитура на СДСМ во Охрид, а истата цел ја има и Унијата на жени од Дебрца.Затоа во периодот што следи со порака ќе допреме до секоја наша сограѓанка дека на Охрид му е потребна промена, дека на Охрид му се потребни нови чисти луѓе и дека на охрид му се потребни нови идеи за иднина, рече Јанковска.

Како резултат на досега спроведените активности и ангажираност на претседателката и останатите членови, охридската Унија на жени при ВМРО- ДПМНЕ е рангирана меѓу првите три најуспешни во Македонија.

OhridNews