Наспроти тетратката на желби на ВМРО- ДПМНЕ, програмата на СДСМ  предвидува конкретни и реални проекти во три столба, рече на денешната прес конференција раководителката на Центарот за комуникации во општинската СДСМ, Христина Гоговска.

Како што информира Гоговска, со првиот столб се предвидува  враќање на средната класа, преку нудење на економски ситем и економска политика,политика на прераспределба –даночен систем,политика на социјална заштита и праведност.

– Со вториот столб сакаме да ја вратиме слободата, а со тоа предвидуваме (демократија и владеење на правото,Македонија без корупција). Со третиот столб инвеститаме во иднината и се осврнуваме на најранливата категорија, а тоа се младите кои се почесто ја напуштаат нашата држава или мерка со која младината од Македонија ќе работи и живее во својата Македонија, потенцира Гоговска, додавајќи дека зедничката цел е слободна и просперитетна Македонија, како што му доликува на едно демократско општество.

Гоговска се осврна и на отчетот на градоначалникот, потенцирајќи дека  корицата не ја продава книгата  и дека насловот не кажува многу за содржината.

– Ги потсетуваме господата од ВМРО-ДПМНЕ дека отчетот на градоначалникот само по кориците народот не го оценува,туку суштината во неговите реализирани работи. Посочувајки на ситните сработени работи од типот крпење на некоја дупка на улиците или поплочување на некој квадрат земја и презентирајки дека е плоштад е само уште една манипулација дека вие господа нешто сработивте од тоа што ветивте ,но верувајте овој народ добро знае да пресуди кога е изманипулиран.Могу од работите кои се споменати во вашиот отчет како да ја навредуваат интелигенцијата на луѓето, кои верувајте не се наивни да поверуваат на вашите игри со зборови, рече Гоговска.

OhridNews