Охриѓанецот Ѓоко Танасоски ќе биде нов директор на Царинската управа, дознава OhridNews.

За ваквата одлука премиерот Заев денеска неформално ги информирал претставниците на коалиционите партнери од партиите на Албанците кои го придружуваа во Охрид на прес конференцијата на која беше промовиран новиот закон за јазици, тврдат доверливи извори.

Ѓоко Танаоски е член на Извршниот одбор на СДСМ и го раководеше изборниот штаб на партијата во Охрид на последните избори. Танасоски е магистер по индустриско производство.

OhridNews