Новак Ѓоковиќ ги избегна најголемите ривали до евентуалното финале на тенискиот грен слем во Вимблдон. Српскиот тенисер, во неговата половина од костурот ги избегна Роџер Федерер, Енди Мареј и Рафаел Надал.


Проектирано четвртфинале на Вимблдон е она помеѓу Мареј и Надал, а победникот во полуфиналето би играл против Федерер (доколку Швајцарецот стигне до оваа фаза). Доколку се се’ одвива според планот, Ѓоковиќ во полуфиналето би играл против Давид Ферер, кој на Вимблдон е поставен за четврти носител.

Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Германецот Флоријан Мајер, кого минатата година го елиминира во четвртфиналето.

Федерер во првото коло ќе игра против Романецот Виктор Ханеску, противник на Надал на стартот ќе биде Стив Дарсис тенисер кој на Олимписките игри беше подобар од Томаш Бердих, додека миленикот на Британија, Енди Мареј, во првото коло ќе игра против Бенџамин Бекер.

Тенискиот грен слем на терените на Вимблдон ќе започне в понеделник.

OhridNews
извор:“Макфакс“