Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за прв пат во кариерата го освои турнирот во Шангај. Рекетот број два Ѓоковиќ во мечот кој траеше три часа и дваесет минути го совлада британецот Енди Мареј со 2-1 во сетови (5:7, 7:6 (13:11), 6:3).

Ѓоковиќ со победата во финалето над Мареј ја прекина минисеријата на британецот откако  беше поуспешен од србинот во полуфиналето на Олимписките игри и финалето на УС Опен.

Мх.П.