Српскиот тенисер Нивак Ѓоковиќ триумфираше на завршниот турнир од Мастерс 1000 серијата за 2013 година во Лондон. Тој во финалето  што се одигра во „О2“ арената го совлада рекетот број еден во светот, Шпанецот Рафаел Надал со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4 и ја одбрани титулата освоена минатата година.

Ѓоковиќ доминираше во текот на целиот меч. Финалето рекетот број 2 го отвори со 3:0, по што уследи идентична серија на Рафа. Но Новак до крајот на сетот смогна сили за уште еден брејк, по што уследи сигурен сервис кој му донесе водство од 1:0. Во вториот сет Ѓоковиќ го диктираше темпото и успеа да одземе еден гејм на противнички сервис, што на крај се покажа како пресудно за конечен триумф.

За Ѓоковиќ ова е 7ма титула на турнирите оваа сезона, вкупно 41ва во кариерата. Победата во Лондон е 22ра последователна за Новак Ѓоковиќ оваа сезона, со што тој ја израмни серијата на Рафаел Надал. За четири дена Ѓоковиќ го очекува финалето од Дејвис купот во Белград, во кое Србија се среќава со Чешка.

Г.М.