Деветтиот носител, Џон Изнер е најзвучното име кое настапот на УС Опен го заврши во третото коло. Изнер од турнирот го елиминира Филип Колшрајбер по речиси четири часа игра. Германецот забележа победа во пет сета 6:4, 3:6, 4:6, 6:3, 6:4. За разлика од Изнер, неговиот сонародник Енди Родик успешно, со еден загубен сет се пласира во осминафиналето.

Родик кој минатиот понеделник објави дека по завршувањето на гренслемот во Њујорк ќе замине во пензија, во третото коло го победи Фабио Фоњини со 7:5, 7:6, 4:6, 6:4. Родик во осминафиналето за противник ќе го има Хуан Мартин дел Потро.

Аргентинецот, кој во Њујорк победи во 2009-та година во третото коло со максимални 3:0 го мина Леонардо Мајер. Импресивен настап во третото коло имаше бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер сé уште нема загубено сет во Њујорк, забележа победа над Жилијен Бенето 6:3, 6:2, 6:2. Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Станислас Вавринка, Швајцарецот со 3:0 го победи Александар Долгополов.

Осминафинале, по победата над Грега Земља избори и сонародникот на Ѓоковиќ, Јанко Типсаревиќ, негов противник во следната рунда ќе биде Колшрајбер. Францускиот тенисер Ришар Гаске лесно го мина Стив Џонсон со 7:6, 6:2, 6:3, тој во осминафиналето ќе игра против четвртиот носител Давид Ферер кој го елиминира ветеранот Лејтон Хјуит.

Ohridnews
Извор : “Макфакс“.