Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ја прекина соработката со италијанскиот производител на спортска опрема Серџо Тачини.

„Одлуката е пријателска и ја донесовме заедно. Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос нема да биде наш амбасадор“, соопшти италијанскиот производител на спортска опрема.

Опремата на Серџо Тачини, српскиот тенисер ја носеше од 1. јануари 2010 година и во неа успеа да стигне до првото место на АТП листата.

Иако не е официјално објавено, Ѓоковиќ во иднина би требало да настапува во опремата на американскиот производител Најк.