Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе паузира неопределено време од тениските терени по елиминацијата од Рожер Федерер во 1/2 финалето од Монте Карло.

Причината за одморот е повредата на раката, која се влоши токму на полуфиналниот натпревар со Федерер.

– Повредата не е сериозна, но според докторите мораме да бидеме многу претпазливи. Префрлувањето од една на друга подлога беше клучен фактор за мојата повреда. Колку време ќе ми биде потребно незнам, но нема да се вратам додека не бидам 100% здрав – рече Ѓоковиќ.

Мх.П.