Новак Ѓоковиќ, по четири месеци се врати на првото место на АТП листата.
Тој на врвот го мина Роџер Федерер, која на тронот го наследи по грен
слем турнирот во Вимблдон.

Српскиот тенисер на првата позиција има речиси 2.000 поени повеќе од
Швајцарецот (11.420/9.465) и без оглед на резултатот на завршниот
Мастерс, кој во понеделник ќе започне во Лондон, тој втора година по ред
ќе биде најдобра светски тенисер. Покрај промената на врвот, меѓу најдобрите десетмина на АТП листата се
случија уште две промени, Дел Потро и Цонга и заменија местата, додека
во Топ 10 се врати Ришар Гаске.

АТП, Топ 10: 1. Ѓоковиќ, 2. Федерер, 3. Надал, 4. Мари, 5. Ферер, 6. Бердих, 7. Дел Потро, 8. Цонга, 9. Типсаревиќ, 10. Гаске.

Ohridnews
“Макфакс“