Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон. Популарниот Ноле до финалето стигна откако со 3-1 (7-6, 6-2, 6-7, 6-2) го елиминираше французинот Жо Вилфред Цонга.


Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе биде шпанецот Надал кој со 3-1 го победи Енди  Мареј.

Без разлика кој ќе го освои Вимблдон, српскиот тенисер во понеделник ќе биде новиот светски рекет број 1.

Ohridnews