Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го елиминираше Бугаринот, Григор Димитров од Роланд Гарос со 3-0 во сетови (6-2, 6-2 и 6-3) и му се реваншираше за прераната елиминација на турнирот во Мадрид.


Дека рекетот број еден нема да ги повтори грешките од Мадрид покажа уште во првиот сет, кој му припадна со 6-2. Истото темпо Ѓоковиќ го задржа и во вториот, а во третиот малку се опушти и му дозволи еден сет повеќе.

Противник на Ѓоковиќ во 1/8 финалето ќе биде победникот од дуелот помеѓу Романецот, Виктор Ханеску и Филип Колшрајбер.

Мх.П.