Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ победи на АТП турнирот од Мастерс серијата во Монтреал.  Во финалниот меч за нешто помалку од 150 минути игра, Ѓоковиќ го совлада Американецот Марди Фиш со 2:1 (6:2, 3:6, 6:4).


 

Титулата во Монтреал е десетта за Ѓоковиќ од турнирите од Мастерс серијата, вкупно 27 во кариерата. Со победата во Монтреал Ѓоковиќ собори неколку рекорди, ова беше неговата 53 победа во 54 меч оваа година, воедно тој стана единствениот тенисер кој во една сезона победил на пет турнири од Мастерс серијата.

Со овој триумф Ѓоковиќ стана прв тенисер, по Пит Сампрас во 1993 година, кој го освоил првиот турнир од доаѓањето на првото место на АТП листата.

“извор Макфакс“
Ohridnews