Нема одмор за најквалитетните тенисери во светот. Новак Ѓоковиќ само два дена по освојувањето на мастерс турнирот во Париз на теренот излезе на турнирот во Лондон и тоа против Рожер Федерер.
Србинот го совлада швајцарскиот тенисер со 2-1 во сетови и ја забележа 15-та победа против него и му недостига само една да се изедначи со некогашниот рекет број еден.
За поразот во 1/2 финалето од мастерсот во Париз, Рафа Надал експресно му се реваншираше на неговиот сонародник Давид Ферер победувајќи го со 2-0 во сетови.
Мх.П.