Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ се закити со третиот гренд слем трофеј во оваа сезона и стана еден од шесте тенисири кои во една година освоиле три гренд слем турнири. Србинот во витрините го додаде пехарот од УС Опен откако во финалето го совлада шпанецот Рафаел Надал со 3-1 (6-2, 6-4, 6-7, 6-1).


Мечот помеѓу двајцата “вонземјани“ се играше четири сати и десет минути, Ѓоковиќ во третиот сет при водство до 2-0 го повреди грбот но стегна “заби“ и го финишира натпреварот во свој препознатлив стил. 

Мх.П.