По маратонската победа над Вавринка рекетот број еден Новак Ѓоковиќ лесно преку Томас Бердих обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен.

Српскиот тенисер со 3-1 (6:1,4:6,6:1,6:4) во сетови го совлада Бердих и осигура 11-ти пласман по ред во полуфиналето на гренд слем турнирите.
 
Водечкиот тенисер на АТП листата во полуфиналето ќе се сретне со Шпанецот, Ферер. Тој во 1/4 финалето со 3-2 во сетови го победи Алмагро.
 

Мх.П.