– Мислам дека не грешев многу, колку што Надал врати неколку удари од неверојатни позиции – рече Новак Ѓоковиќ, по елиминацијата во 1/2 финалето на Роланд Гарос и додаде –  Тој играше агресевно, а и многу добро сервираше. Одлично беше за мене што успеав неколку пати да се вратам во игра за финалето, затоа што на вакви дуели речиси е невозможно, но на крајот сум разочаран.

Трофејот од парискиот гренд слем турнир е единствен, кој недостасува во богатата колекција на рекетот број еден.

– Уште сум млад, пред себе имам уште неколку години да играм тенис на високо ниво. Ќе продолжам да играм во Парис со намера да ја освојам единствената титулата која ми недостига од гренд слем турнирите – заврши Ѓоковиќ.

Мх.П.