По повеќе од две години тениската АТП листа има нов предводник, а тоа е Шпанецот, Рафаел Надал. Популарниот „Рафа“ со пласманот во финалето од мастерсот во Пекинг го надмина во бодови досегашниот лидер, Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер на чело на АТП листата беше од 4 јули 2011 година, а Надал со блескавите натпревари по враќањето од повредата го симна од врвот лутиот ривал.
За шпанскиот тенисер ова е трет пат да биде рекет број еден. Претходно на првата позиција беше 46 недели, а потоа 56 недели.
Токму овие двајца тенисери можат да се сретнат во финалето од мастерсот во Пекинг, но Ѓоковиќ ќе мора во 1/2 финалето да го совлада Ришар Гаске.
Мх.П.