Германската тениска легенда Борис Бекер е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ. Србинот моментално е втор на АТП листата зад првопласираниот Рафаел Надал.

– Драго ми е што ќе соработувам со Бекер и верувам дека неговото големо искуство ќе ми помогне да освојувам трофеи од најголемите турнири во тенисот – рече Ѓоковиќ за новиот тренер.
Мх.П.










