Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја доби наградата на ББЦ, за спортска личност на годината, надвор од границите на Велика Британија.


Во изборот, Ѓоковиќ наградата ја доби пред фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лео Меси и светскиот првак во Ф1, Германецот Себастијан Фетел.

Српскиот тенисер сезоната ја започна со 41 победа, освои десет титули, од нив пет на Мастерс турнирите и три на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ е шестиот тенисер, во последните 11 години, кои ја освојува оваа титула.

Спортската личност на годината, надвор од Велика Британија ја избираат уредниците на националните и регионалните весници и списанија на ББЦ.

“Макфакс“
Ohridnews