3.коло на Роџерс купот во Монтреал, совладувајќи го Германецот Флориан
Мајерс со 6-2, 6-1 во само 55 минути.
Ова е прв меч со натпреварувачки карактер за Србинот по поразот во финалето на Вимблдон минатиот месец.
„По еден месец пауза, не знаев што да очекувам. Бев многу внимателен
против тешкиот противник. Ми требаше посебен пристап од почетокот и на
теренот се помина добро, коментираше Ѓоковиќ кој е во трка за третиот
по ред Роџерс куп.
Победата ја прослави со танц на летниот хит „Get Lucky”.
„Имав мал договор со пријателите кога бев на одмор пред неколку недели.
Тоа е еден од летните хитови и многу ја слушавме песната. Многу
танцувавме на неа, па си реков зошто не? Ќе го направам тоа по првото
коло во монтреал. Ако продолжам да победувам ќе го правам тоа по секој
меч. Ако победам и во следниот, може да ја очекувате истата песна, но со
малку поинаков танц“, вели Ѓоковиќ.