Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до првата титула во 2014 година откако триумфирираше на АТП турнирот од мастерс серијата Индијан Велс.

Во финалето Ѓоковиќ го совлада швајцарскиот преставник Рожер Федерер со 2-1 во сетови 3-6, 6-3, 7-6 и го прекина постот без освоена титула.

Кај дамите Флавија Пенета го освои турнирот совладувајќи ја во финалето Радванска со 2-0 во сетови 6-2, 6-1.

Мх.П.