„Serve to Win“ е насловот на автобиографската книга на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ“, која во вторник излегува од печатница. Автобиографијата на Ѓоковиќ е сведоштво на врвен спортист кој донеодамна се борел со астмата и константниот замор, се додека не сватил дека имал погрешна исхрана.


„Наутро кога ќе се разбудам пијам чаша млака вода, таква вода пијам во текот на целиот ден. Веднаш потоа јадам мед. Избегнувам млеко и млечни производи, не пијам алкохол додека играм на турнирите, спијам по осум часа во денот. Медитирам, се бавам со јога, таи чаи…“, пишува српскиот тенисер во својата книга.

Книгата е приказна за момчето кое сите го сметале за хипохондрик, кое мака мачело со астмата, успеало да стигне до тенискиот врв. Ѓоковиќ во книгата ја опишува и борбата за своето здравје, промената на животната филозофија, промената во начинот на исхрана, како и сплетот на околностите по кои од третото место на АТП листата се искачи на самиот врв.

Пресвртот во кариерата му настанал во 2010 година, кога по турнирот во Австралија, каде во финалето забележа победа над Цонга, го запознал Србинот кој живее на Кипар, нутриционистот др. Игор Четојевиќ.

Во тоа финале, Ѓоковиќ беше блиску поради истоштеност да го предаде мечот, сите коментатори знаејќи ја неговата болест пренесуваа дека има проблеми со астмата, но тоа не го мислел др. Четојевиќ.

Нутриционистот претпоставил дека Новак има проблеми со исхраната и дека поради тоа има проблеми со дишењето, успеал да договори средба, а останатото е историја.

Ѓоковиќ во книгата својот голем ривал Рафаел Надал го опишува како „човек со нервозни гестови и празноверни ритуали“.

„Макфакс“