По втор пат во својата кариера Новак Ѓоковиќ го освои мастерс турнирот во Лондон, откако во “супер“финалето го совлада Рожер Федерер со 2-0 (7-6, 7-5).


Ѓоковиќ кој годината ќе ја заврши како најдобар светски тенисер во голем стил го одигра финалето на мастерсот. За “танго“ се потребни двајца, а за тоа се погрижи големиот спортсмен Роже Федерер.

Српскиот тенисер успеа да одолее на нападите на швајцарецот кој мораше да се задоволи со среброто и награда од 800 илјади долари.


– Му честитам на Новак, одиграв најдобро што можев, му благодарам на мо мојот тим што беше со мене цела оваа сезонаа. Драго мие што сум дел од овој турнир и се надевам дека догодина повторно ќе се видиме на овој терен – рече “сребрениот“ Федерер.

Победникот на “мастерсот“ Ѓоковиќ и најдобриот светски тенисер за 2012 година беше задоволен што годината ја зоокружи во ваков стил.

– Секогаш е задоволство да се игра со Федерер. Се надевам дека вие (публиката) уживавте оваа недела во овј извондреден турнир на кој настапија најдобрите светски тенисери. Не можам а да не му се заблагодарам на мојот тим кој беше со мене во текот на целата година. Се гледаме догодина – рече Ѓоковиќ.

М.П.