Фудбалерите на Барселона ја зголемија предноста на табелата во Примера пред останатите конкуренти по убедливиот триумф над Еибар на Ноу Камп 6-1.

Натпреварот го одбележа Лионел Меси кој постигна три погодоци. Првиот погодок Аргентинецот го постигна од пенал, а потоа следуваа головите на Паулињо и Денис Суарез за водство 3-0. Гостите намалија на 3-1, а на сцена стапи Меси кој постигна три брилијатни голови за конечни 6-1.

Со трите бодови каталонците се одлепија на пет поени од Севиља која има меч помалку и шест од Валенсија која славеше со 5-0 над Малага во првиот меч од петтата рунда. 

OhridNews